ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕС НЕМА ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА КОРУПЦИЈА ПРОТИВ НЕГОВАТА СОПРУГА

    ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕС НЕМА ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА КОРУПЦИЈА ПРОТИВ НЕГОВАТА СОПРУГАСанчес кажа дека кампањата против Бегоња Гонес е водена од десничарските медиуми (Фото: АП)

    Шпанскиот премиер Педро Санчес објави дека нема да поднесе оставка по пет дена шпекулации за неговата иднина. Санчес минатата недела кажа дека се повлекува од јавните задолженија и дека ќе размисли дали ќе остане на функцијата откако против неговата сопруга беше покрената истрага за корупција.

    Тој изјави дека ваквите обвинувања претставуваат кампања на вознемирување водена од десничарските медиуми. Обвинувањата против Бегоња Гомес беа изнесени од организацијата „Чисти раце“, чиј водач се поврзува со крајната десница.

    Во четвртокот, јавниот обвинител на Мадрид побара истрагата да биде запрена поради недостиг на докази. „Чисти раце“ потоа призна дека обвинувањата можеби се неточни зашто биле засновани врз приказни од онлајн медиуми. За една од нив беше се докажа дека не е точна.

    Откако Санчес најави дека би можел да поднесе оставка, илјадници луѓе излегоа на протести во Шпанија за да му дадат поддршка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира