ЕКСПЕРТИ НА ОН УТВРДИЛЕ ДЕКА ХАРКИВ БИЛ РАКЕТИРАН СО СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ПРОЕКТИЛИ

    ЕКСПЕРТИ НА ОН УТВРДИЛЕ ДЕКА ХАРКИВ БИЛ РАКЕТИРАН СО СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ПРОЕКТИЛИОстатоците биле пронајдени по нападот врз Харкив на 2 јануари (Фото: Гети)

    Остатоците од проектил кој паднал во Харкив на 2 јануари припаѓаат на севернокорејски балистички проектил „хвасонг-11“, објави комисијата на Обединетите нации која ги надгледува санкциите против Северна Кореја. Ова е наведено во извештај на 32 страници, додавајќи дека тоа претставува кршење на ембаргото за оружје воведено за Северна Кореја.

    Нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја се наоѓаат под санкции на Обединетите нации од 2006 година и овие мерки беа засилувани во меѓувреме.

    Тројца набљудувачи на санкциите ја посетија Украина овој месец за да ги испитаат остатоците од проектилот, при што не пронашле докази дека е произведен во Русија.

    „Не можевме независно да утврдиме од каде бил лансиран. Информациите за траекторијата обезбедени од украинските власти даваат назнаки дека лансирањето било изведено од руската територија“, стои во извештајот.

    САД и други држави ја обвинуваа Северна Кореја дека превезла оружје во Русија, што беше негирано од Москва и Пјонгјанг, иако тие лани ветија дека ќе ја продлабочат својата воена соработка.

    Балистичкиот проектил „хвасонг-11“ првпат беше јавно тестиран во 2019.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира