ЖЕСТОКИ ПРОТЕСТИ ВО ГРУЗИЈА ПОРАДИ ЗАКОНОТ ЗА СТРАНСКИ АГЕНТИ, ПОЛИЦИЈАТА ТЕПАШЕ ДЕМОНСТРАНТИ

    ЖЕСТОКИ ПРОТЕСТИ ВО ГРУЗИЈА ПОРАДИ ЗАКОНОТ ЗА СТРАНСКИ АГЕНТИ, ПОЛИЦИЈАТА ТЕПАШЕ ДЕМОНСТРАНТИОчевидци изјавија дека полицијата физички ги нападнала демонстрантите (Фото: ЕПА)

    Грузиската полиција употреби солзавец и водени топови за да ја растера толпата која протестираше против нов закон за кој опозицијата вели дека е насочен против слободата на медиумите. Демонстрантите фрлаа јајца и шишиња кон полицијата пред зградата на парламентот во Тбилиси, а откако се повлекоа, судирите продолжија на главниот булевар во градот.

    Медиумите објавија дека има повредени и уапсени. Леван Хабеишвили, лидерот на главната опозициска партија Обединето национално движење, бил сериозно претепан и однесен во болница. Очевидци изјавија дека полицијата физички ги нападнала демонстрантите.

    На 17 април, пратениците дадоа првична поддршка за законот за странски агенти, предложен од владејачката партија Грузиски сон. Според овој закон, сите невладини организации и независни медиуми кои примаат повеќе од 20% од своите средства од странски донатори ќе бидат регистрирани како организации кои спроведуваат интереси на странски сили. Тие ќе бидат следени од министерството за правда и ќе мора да споделуваат чувствителни информации или ќе добијат парични казни до 9.400 долари.

    Опозицијата бара од владата да го повлече законот, тврдејќи дека е инспириран од авторитарното законодавство што Русија го користи за задушување на сите кои му се спротивставуваат на Кремљ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира