Сенатот на Аризона гласаше за укинување на законот од 1864 година со кој целосно се забранува абортусот. И двајца републиканци им се придружија на демократите во Сенатот во изгласувањето на одлуката, која минатата недела тесно помина и во Претставничкиот дом на Аризона.
Гувернерката Кејти Хобс го поздрави резултатот на гласањето и најави дека ќе го поддржи отстранувањето на законот.
Законот кој потекнува од времето кога Аризона сѐ уште не била сојузна држава на САД го забранува абортусот од моментот на зачнувањето, без исклучоци како силување или инцест. Тој беше оживеан минатиот месец откако највисокиот суд на Аризона пресуди дека забраната може да се спроведува по поништувањето на националното право на абортус од страна на Врховниот суд на САД во 2022. Од оваа одлука се дистанцираа и некои водечки републиканци, како Доналд Трамп и бившиот гувернер на Аризона, Даг Дјуси.
Двајцата локални сенатори кои гласаа за поништувањето на законот беа критикувани од нивни колеги и од национални активисти против абортусот, обвинувајќи ги дека гласале за смрт.