Членовите на клубот Гарик во Лондон изгласале да им се дозволи на жените да се приклучат на оваа установа. Приватниот семашки клуб, основан во 1831 година, беше под притисок да прими и жени во своето членство.
Шефот на јавната служба Сајмон Кејс и началникот на МИ6 Ричард Мур неодамна поднесоа оставки од клубот откако беше откриена неговата членска листа.
По анализата на правилата на клубот, судиите заклучиле дека во уставот на Гарик нема ниедна одредба која би ги спречила жените да станат членови.
Листата членови на Гарик прв ја објави весникот „Гардијан“ и меѓу нив се кралот, судии, адвокати, министри, пратеници, професори, актери, музичари и новинари.
„Гарик не е тајно друштво на мажи кои од сенка ја водат државата. Тоа е само пријатно место каде што луѓето доаѓаат, ручаат и вечераат и тоа важи и за жените“, изјави бившиот министер за култура Лорд Вејзи.