ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ЌИРИЛ ГАЈДОВ, КООРДИНАТОР НА СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

    ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ЌИРИЛ ГАЈДОВ, КООРДИНАТОР НА СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕСГајдов вели дека оставката треба да е мотив да заминат „директно или индиректно инволвираните учесници во ваквиот тежок и срамен пораз“ на СДСМ на изборите. (Фото: СДК.МК)

    Советникот Ќирил Гајдов од СДСМ поднесе оставка во Советот на Општина Велес, потврди тој за СКАДАКАЖАМ.МК. Неговото образложение е дека треба да се најдат нови лица на политичката сцена, по катастрофалниот пораз на СДСМ на парламентарните и претседателски избори.

    „Време е да дојдат нови помлади кадри. Оваа моја оставка треба да е мотив, директно или индиректно инволвираните учесници во ваквиот тежок и срамен пораз, да заминат. СДСМ е голема партија, која носела големи одлуки кои луѓето не ги препознаа. Имаа можност да се европеизираат, одлучија да се антиквизираат, да гледат во ретровизор наместо во иднината“, кажа Гајдов кој е координатор на советничката група а СДСМ.

    Тој во претходниот состав на Советот на Општина Велес од септември 2020 до октомври 2021 беше преседател на Советот. Следен на кандидатската листа на СДСМ за локалните избори 2021 беше Трајче Миланов. Неговиот мандат треба да го верификува Советот на Општина Велес, откако по поднесената оставка од Гајдов, локалната власт се обраќа писмено до ОИК Велес, која ги информира кој е следен на канидатската листа.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира