ДА СЕ ВИДИМЕ ЗА 10-15 ГОДИНИ, НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА Е ОТСУТЕН ПОРАДИ СМРТ, РЕЧЕ МАСИН НА ОТВОРАЊЕТО НА ИЗЛОЖБАТА КОЈА ГО ПРЕПОЛНИ ДАУТ ПАШИН АМАМ

    ДА СЕ ВИДИМЕ ЗА 10-15 ГОДИНИ, НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА Е ОТСУТЕН ПОРАДИ СМРТ, РЕЧЕ МАСИН НА ОТВОРАЊЕТО НА ИЗЛОЖБАТА КОЈА ГО ПРЕПОЛНИ ДАУТ ПАШИН АМАМДиректорката на НГМ, Дита Старова-Ќерими и Мирoслав Масин на синоќешното отворање. (Фото: Принтскрин од видео)

    За 10-15 години посакувам да се видиме на ова или некое слично друго место. Немој некој да биде отсутен ради болест или смрт, нема шанси, рече синоќа во свој стил сликарот Мирослав Масин, на отворањето на големата изложба со 150 дела во објектот на Националната галерија на Македонија (НГМ) Даут пашин амам.

    Харизматичниот скопски урбан лик собра личности од сите профили и генерации на својата изложба во чест на 40 години творештво. Даут пашин амам беше преполн од една поинаква, убава, уметничка енергија. Пред отворањето сите свечено го дочекаа Масин на влезот на Даут пашин амам, каде е поставен автомобил насликан од неговите четки. Вратите беа отворени во 20:10 и гостите влегоа во салата предводени од уметникот Масин.

    Директорката на НГМ, Дита Старова-Ќерими рече дека оваа изложба не е само прослава на уметноста, таа претставува и почит кон креативноста, страста, искреноста, доследноста и визијата на уметникот чии дела оставиле неизбришлива трага на македонската ликовна сцена.

    Пред отворањето сите свечено го дочекаа Масин на влезот на Даут пашин амам, каде е поставен автомобил насликан од неговите четки. (Фото: СДК.МК)

    „Патувањето на Мирослав Масин како уметник е придружено со едно длабоко истражување, но и непоколеблива посветеност. Преку неговите слики, тој нѐ кани во свет каде боите танцуваат, емоциите зборуваат, а имагинацијата нема граници. Но, надвор од платното, наследството на Мирослав Масин се протега надалеку и нашироко. Тој не е само сликар; тој е раскажувач, филозоф и светилник на инспирација за генерациите што доаѓаат. Боемот и вечен вљубеник во уметноста Масин, ужива со секој миг посветен на креативност, во секоја размисла, инспирација, внатрешна конфронтација и секако секој потег на четката врз платното“, рече Старова-Ќерими.

    Изложбата „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ содржи 141 слики и цртежи и 9 објекти, како автомобил, 2 пијана, музичли инструменти. Кураторка е Маја Чанкуловска. Таа кажа ова е негова 66. изложба по ред, на која ѝ претходеа изложби во голем број градови низ Македонија, во земјите од поранешна Југославија, како и низ Европа.

    Изложени се дела од сите фази во 40-годишното творештво на Масин. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Со тоа, рече Чанкуловска, Масин се вбројува во редот на нашите најзначајни културни амбасадори.

    „Изложбата е приказн на уникатен сликовен ракопис на автор кој 40 години ги руши стереотипите“, рече Чанкуловска.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира