ШЈИ И ПУТИН ГО ОСУДИЈА ОДНЕСУВАЊЕТО НА САД И КАЖАА ДЕКА ЗАЕДНО ГИ БРАНАТ ПРИНЦИПИТЕ НА ПРАВДА И ДЕМОКРАТИЈА

    ШЈИ И ПУТИН ГО ОСУДИЈА ОДНЕСУВАЊЕТО НА САД И КАЖАА ДЕКА ЗАЕДНО ГИ БРАНАТ ПРИНЦИПИТЕ НА ПРАВДА И ДЕМОКРАТИЈАШји кажа дека Пекинг и Москва делат заеднички став за низа важни прашања, вклучително и за Украина (Фото: Гети)

    Шји Џинпинг и Владимир Путин го осудија агресивното однесување на САД и ветија дека ќе ги продлабочат веќе блиските одбранбени и воени врски на нивните земји.

    Откако државниот секретар на САД Ентони Блинкен беше во Кина минатиот месец во обид да ја убеди да ги намали односите со Москва, Шји сигнализираше дека Пекинг и Москва делат заеднички став за низа важни прашања, вклучително и за Украина и дека ќе се спротивстават на притисокот на западот.

    „Денешните кинеско-руски односи се тешко стекнати и двете страни треба да ги негуваат и развиваат“, му кажа Шји на Путин, кој денеска пристигна во дводневна посета на Кина.

    Во заедничката изјава се изразува загриженост за американските напори за нарушување на стратешката нуклеарна рамнотежа, што претставува закана и за Русија и за Кина, како и за плановите на САД за развој на високопрецизни ненуклеарни оружја.

    Путин ја опиша соработката на Русија и Кина како еден од главните стабилизирачки фактори на меѓународната сцена.

    „Заедно ги браниме принципите на правда и демократски светски поредок заснован врз меѓународното право“, кажа Путин.

    Во поглед на Украина, Шји рече дека се согласиле дека политичко решение на кризата е вистинската насока и дека се противат на одолжувањето на конфликтот, што би можело да премине во неконтролирана фаза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира