ШЕРОН СТОУН И КОЛЕГИТЕ ПОБАРАА КЕВИН СПЕЈСИ ПАК ДА ПОЧНЕ ДА ГЛУМИ ОТКАКО БЕШЕ ОСЛОБОДЕН ОД ОБВИНЕНИЈАТА ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД ВРЗ ЧЕТВОРИЦА МАЖИ

    ШЕРОН СТОУН И КОЛЕГИТЕ ПОБАРАА КЕВИН СПЕЈСИ ПАК ДА ПОЧНЕ ДА ГЛУМИ ОТКАКО БЕШЕ ОСЛОБОДЕН ОД ОБВИНЕНИЈАТА ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД ВРЗ ЧЕТВОРИЦА МАЖИШерон Стоун и Кевин Спејси во 2011 (Фото: Гети)

    Шерон Стоун, Стивен Фрај и Лијам Нисон побараа на Кевин Спејси да му се дозволи повторно да глуми. Актерот не е активен од 2017, откако беше обвинет за недолично сексуално однесување.

    Спејси минатата година беше прогласен за невин за сите обвиненија за сексуален напад врз четворица мажи помеѓу 2001 и 2013, а во 2022, американскиот суд ја отфрли тужбата за сексуален напад против него. Изјавите за поддршка беа дадени од колегите актери за „Телеграф“, поттикнати од документарен филм на Канал 4. Во филмот „Спејси разоткриен“ кој беше емитуван во почетокот на месецов, има сведоштва на неколку мажи.

    Двократниот оскаровец Спејси ги негираше обвинувањата за несоодветно однесување во документарецот.

    „Ја преземам целосната одговорност за моето однесување и моите постапки во минатото. Но, не можам и нема да преземам одговорност или да му се извинувам на некој што измислил работи за мене или претерани приказни за мене“, рекол Спејси во интервју за документарецот.

    Актерката Стоун изјави за весникот: „Едвај чекам да го видам Кевин повторно на работа. Тој е генијалец. Тој е толку елегантен, забавен и дарежлив, знае повеќе за нашиот занает отколку повеќето од нас”.

    Поддршка даде и писателот, актер и водител Стивен Фрај, велејќи дека Спејси често бил „несмасен и несоодветен“, но дека „да се посвети цел документарец на обвинувања кои едноставно немаат врска со кривични дела, како тоа може да се смета за пропорционално и оправдано?“. Фрај рече дека репутацијата на Спејси е уништена, додавајќи: „Сигурно е погрешно да се продолжи да се нарушува репутацијата врз основа на силата на тврдењето и реториката наместо на доказите? Освен ако не пропуштам нешто, мислам дека тој ја плати цената.”

    Ова влијаеше и на Лиам Нисон, а актерот напиша: „Кевин е добар човек и човек со карактер. Лично кажано, на нашата индустрија ѝ е потребен и многу ни недостига“.

    Писма за поддршка напишаа и оскаровецот Ф. Мареј Абрахам и Сер Тревор Нан, кој беше режисер на две претстави во кои играше Спејси во театарот „Олд Вик“ во Лондон.

    Спејси, кој освои Оскар за „Вообичаено осомничени“ во 1996 и во 2000 за „Американска убавина“, беше отпуштен додека го снимаше хитот на Нетфликс „Куќа од карти“ бидејќи се појавија обвинувања против него во 2017. Претходно овој месец, Спејси го доби и случајот на граѓанско судење поради обвинението дека сексуално нападнал маж. Човекот тврдеше дека бил нападнат во 2008 и, како резултат на тоа, „претрпел психолошка штета и финансиска загуба“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира