ПОЧИНА АКТЕРСКАТА ЛЕГЕНДА ЏОН ХАРТ

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"ВеликаБританија,(БИ-БИ-СИ)

ПОЧИНА АКТЕРСКАТА ЛЕГЕНДА ЏОН ХАРТ

Славниот и наградуван британски актер сер Џон Харт почина на 77 години, соппшти неговот агент. Харт беше еден од најпознатите и најразновидни актери. Прославен по улогите во „Осмиот патник“ и „Човекот слон“,  Харт боледуваше од рак на панкреасот во 2015, но во филмови играше до последен момент. Една од неговите последни улоги е во „Џеки“, биофилмот за сопругата на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди.

Харт остана запаметен со улогата  во „Човекот слон“

Харт остана запаметен со улогата во „Човекот слон“

Сцената од „Осмиот патник“ во која умира неговиот лик се смета за една од највпечатливите во филмската историја. Харт играше и главна улога во „1984“ според романот на Џорџ Орвел.

На прашањето како успева секојпат да создаде впечатлива изведба, Харт еднаш изјави: „Единствено што можам да објаснам е дека ставам сѐ во дудинката на мојот мозок, и се надевам дека ќе ферментира и ќе создаде пристојно вино. А, како тој процес се случува, за жал не можам да опишам“.

Во 2015 Харт беше одликуван за витез за неговиот придонес во драмската уметност.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира