ЗЕТОТ НА ТРАМП И ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ ГРАДИ ЛУКСУЗЕН КОМПЛЕКС ВО БЕЛГРАД НА МЕСТОТО НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ РАЗРУШЕН ОД БОМБАРДИРАЊЕТО НА НАТО

    ЗЕТОТ НА ТРАМП И ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ ГРАДИ ЛУКСУЗЕН КОМПЛЕКС ВО БЕЛГРАД НА МЕСТОТО НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ РАЗРУШЕН ОД БОМБАРДИРАЊЕТО НА НАТОЏеред Кушнер е зет за ќерка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и беше советник на Трамп за време на неговиот престој во Белата куќа од 2017 до 2021 година. - Зградата на генералштабот во Белград (Фото: Н1)

    По неколкугодишни тајни преговори и вклученост на српската политичка елита, инвестициската фирма на Џеред Кушнер „Афинити Партнерс“ официјално обезбеди 99-годишна дозвола да гради луксузен комплекс во Белград.

    Кушнер е зет за ќерка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и беше советник на Трамп за време на неговиот престој во Белата куќа од 2017 до 2021 година. 

    Зделката предизвика многу негативни реакции во Србија, бидејќи станува збор за објект од историско значење. Фирмата на Кушнер ќе гради на местото на поранешниот Сојузен секретаријат за национална одбрана, објект уништен од бомбардирањето на НАТО во 1999 година.

    „Владата на Србија избра реномирана американска компанија како партнер во овој потфат, инвестиција во ревитализација на комплексот на поранешниот Сојузен секретаријат за национална одбрана“, соопшти министерот Горан Весиќ.

    Медиумите немаа пристап на официјалното потпишување на договорот помеѓу Весиќ и Ашер Абехсера, долгогодишен соработник на Кушнер и претставник на „Афинити Партнерс“ во Белград.

    Место тоа, објавено беше соопштение со една фотографија од потпишувањето на веб сајтот на министерството на Весиќ.

    Преговорите за реконструкција на генералштабот на Југословенската армија со Трамп и неговото семејство траат од 2013 година. Тогашниот премиер Ивица Дачиќ кажа дека Трамп сака да гради луксузен хотел на местото.

    Сегашната влада беше принудена да признае дека преговара со „Афинити Партнерс“ откако опозицијата објави детали од договорот претходно годинава.

    „Ќе ја обновиме зградата 25 години откако беше уништена во бомбардирањето. За четврт век, никој, пред оваа влада, не помисли да го реновира комплексот“, вели Весиќ во соопштението.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира