ФИРМА ОД ЧАИР НЕЛЕГАЛНО МОНТИРА ЗАБАВЕН ПАРК КАЈ САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ

    ФИРМА ОД ЧАИР НЕЛЕГАЛНО МОНТИРА ЗАБАВЕН ПАРК КАЈ САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕОд Град Скопје велат дека иезвршиле надзор и го казниле правното лице, но, како што велат од Градот, фирмата насилно продолжува да работи. (архивска фотографија)

    Од Град Скопје велат дека фирма од Чаир, „Дизниленд Реквизити“, регистрирана пред еден месец, без соодветни документи и дозволи и без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред салата „Борис Трајковски“.

    Оттаму додаваат дека Град Скопје извршил надзор и го казнил правното лице, но, како што велат од Градот, фирмата насилно продолжува да работи.

    „Ги повикуваме надлежните институции и апелирамe да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие“, велат од Град Скопје.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира