СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕРОТ НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ РАИСИ, НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ПРЕЖИВЕАЛ

    СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕРОТ НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ РАИСИ, НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ПРЕЖИВЕАЛРаиси претходно денеска со азербејџанскиот претседател Алиев на церемонија на пуштање во употреба на брана на границата на двете земји. (Фото: Фејсбук)

    Хеликоптерот во кој беше иранскиот претседател Ебрахим Раиси се урна на северот на земјата и неговата состојба е непозната, соопштија локалните медиуми.

    Леталото, во кое беше и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, се урна во иранската провинција Источен Азербејџан, во тешки временски услови, поради што и спасувачките екипи не можат лесно да стигнат до местото на несреќата.

    Дваесет спасувачки тимови и дронови се испратени во регионот каде што се урна хеликоптерот.

    Иранскиот претседател се враќаше од церемонија на пуштање во употреба на брана на границата со Азербејџан.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира