Под мотото „Направи магија и освој 500 000 денари“, компанијата „Меџик МГ“ ги промовираше новиот дизајн и новите линии на грицките „меџик“. Ова е проследено со награден конкурс во кој најкреативното видео направено со кој било производ од ребрендираната линија грицки ќе биде наградено со половина милион денари.
„Учесниците треба да снимат или анимираат креативно видео што ќе ја долови магијата на новите вкусови и да го објават на Фејсбук, Инстаграм или ТикТок. Не заборавај да го вклучиш хаштагот #makemagic и тагни го профилот на Magic на Фејсбук, Инстаграм или ТикТок“, велат од „Меџик МГ“.
Конкурсот трае од 20 мај до 20 јуни. Деталите и информациите се наоѓаат на линкот https://magic.com.mk/nagraden-konkurs/.