НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ИРАНСКАТА ВОЕНА ВОЗДУШНА ФЛОТА Е ПОСТАР ОД 45 ГОДИНИ И ТЕШКО ДОБИВА НОВИ ДЕЛОВИ ПОРАДИ САНКЦИИТЕ

    НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ИРАНСКАТА ВОЕНА ВОЗДУШНА ФЛОТА Е ПОСТАР ОД 45 ГОДИНИ И ТЕШКО ДОБИВА НОВИ ДЕЛОВИ ПОРАДИ САНКЦИИТЕЛеталото во кое загина Раиси е хеликоптер од американско производство „бел 212“ (Фото: Икс)

    Иран прогласи пет дена национална жалост по вчерашната хеликоптерска несреќа во која загина претседателот Ебрахим Раиси и уште осум лица. Тој се враќаше од границата со Азербејџан каде што присуствуваше на отворањето на брана, кога неговиот хеликоптер удрил во планински врв во северозападен Иран. Спасувачките екипи цела ноќ се пробивале низ тежок терен и студена бура за да стигнат до остатоците од хеликоптерот, при што немало преживеани. Причината за несреќата засега не е позната.

    Местото на несреќата било лоцирано од дрон испратен од Турција, кој за да им олесни на спасувачите, на враќање во базата ја искористил својата мапа на летот за да нацрта полумесечина и ѕвезда, што се прикажани на турското знаме. Турската новинска агенција „АА“ објави дека стотици илјади луѓе го следеле движењето на дронот во живо преку апликацијата „Флајтрадар“.

    Леталото во кое загина Раиси е хеликоптер од американско производство „бел 212“. Непознато е колку стар бил хеликоптерот, но овој модел бил развиен за канадската војска во 1960-тите. Според податоците од оваа година, иранските поморски и воздушни сили имаат вкупно десет вакви хеликоптери, но не се знае колку од нив ги користи иранската влада. Поради меѓународните санкции кои почнаа да се воведуваат по Иранската револуција во 1979, на земјата ѝ стана тешко да наоѓа делови за нив. Најголем дел од иранската воздушна воена флота е постар од револуцијата.

    Последниот фатален инцидент со „бел 212“ во Иран се случи во 2018 при евакуација на еден пациент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира