НОВАТА КОАЛИЦИЈА СЕ МАЧИ ДА НАЈДЕ ПРЕМИЕР, ХОЛАНДИЈА УШТЕ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ЌЕ НЕМА ВЛАДА

    НОВАТА КОАЛИЦИЈА СЕ МАЧИ ДА НАЈДЕ ПРЕМИЕР, ХОЛАНДИЈА УШТЕ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ЌЕ НЕМА ВЛАДАГерт Вилдерс, чија Партија на слободата победи на изборите во ноември, претходно се откажа од амбицијата да биде премиер (Фото: АП)

    Партиите кои договорија формирање коалиција во Холандија се мачат да најдат човек за премиерската функција и предупредија дека земјата уште неколку месеци ќе нема функционална влада. Антиисламистот Герт Вилдерс, чија Партија на слободата победи на изборите во ноември, претходно се откажа од амбицијата да биде премиер во интерес на формирање коалиција, која ја сочинуваат и конзервативно-либералната ВВД, центристичката Нов социјален договор и Граѓанско движење на земјоделците.

    Кандидатот за премиер за кој се залагаше Вилдерс се повлече оваа недела откако се појавија обвинувања дека е вмешан во измама со медицински патент.

    „Би можеле да поминат два или повеќе месеци пред да добиеме премиер“, призна Вилдерс.

    Тој е контроверзна личност во холандската политика во изминатите две децении, но пред изборите се откажа од некои свои радикални барања, како забрана на Коранот и џамиите.

    „Никој не мислеше дека ова ќе функционира, но ве уверувам дека ќе го претставиме нашиот владин тим, вклучително и премиер“, изјави Вилдерс.

    Марк Руте, чија партија ВВД е дел од коалицијата, за цело ова време останува технички премиер, иако уште лани објави повлекување од функцијата, на која првпат дојде во 2010. Тој е главен кандидат за нов генерален секретар на НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира