ИЛЈАДНИЦИ ЛОКАЛНИ ЖИТЕЛИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ МАСОВНИОТ ТУРИЗАМ ВО ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА

    ИЛЈАДНИЦИ ЛОКАЛНИ ЖИТЕЛИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ МАСОВНИОТ ТУРИЗАМ ВО ПАЛМА ДЕ МАЈОРКАНајголемиот протест се одржа во Палма де Мајорка (Фото: Гети)

    Илјадници луѓе протестираа против масовниот туризам на шпанските Балеарски Острови во пресрет на новата летна сезона. Носејќи транспаренти против масовниот туризам, околу 10.000 луѓе зедоа учество на протестот во Палма де Мајорка, главниот град на Балеарските Острови. Помал протест со неколку стотици луѓе се одржа во Менорка.

    Сакаме властите да не им дозволуваат на луѓето кои не живеат овдека повеќе од пет години да купуваат имоти и да воведат поголем ред во туристичкото сместување“, изјави Карме Реинес, еден од организаторите на протестот.

    Агентот за недвижности Хавиер Карбонељ изјави дека повеќе од половина од сместувачките капацитети се користат за изнајмување и не се достапни за локалните жители.

    Сакаме помалку масовен туризам и повеќе одржлив туризам“, кажа тој.

    По Каталонија, Балеарските Острови е вториот најпопуларен регион во Шпанија, кој лани привлекол 14,4 милиони туристи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира