Се проценува дека над 670 луѓе се затрупани во големо свлечиште на Папуа Нова Гвинеја, кажаа од Обединетите нации. Шефот на Меѓународната организација за миграција, Серхан Актопрак, изјави дека ефектот на петочното лизгање на земјиштето во изолираната провинција Енга е поголем одошто првично се мислеше.
„Се проценува дека се затрупани 150 куќи повеќе. Спасувањето е ризично зашто земјиштето и натаму се лизга. Водата се движи и тоа создава огромен ризик за сите вклучени“, изјави Актопрак.
Речиси 4.000 луѓе живеат во погодената област. Поради катастрофата се раселени повеќе од 1.000 луѓе.
Свлечиштето се случи во петокот во раните утрински часови кога најголем дел од луѓето спиеле. На некои места, талогот од свлечиштето, кој вклучува големи камења, дрвја и почва, е длабок до осум метри.
До оваа провинција води само еден автопат, кој е блокиран од остатоците што ги донесе лизгањето.