Дванаесет луѓе се повредени во авион на „Катар ервејс“ кој летал од Доха за Даблин, откако бил погоден од турбуленција. Од аеродромот во Даблин известија дека авионот слетал безбедно во предвиденото време.
„При слетувањето авионот беше пречекан од итните служби зашто шестмина патници и шестмина членови на посадата пријавиле дека имаат повреди откако авионот бил погоден од турбуленција додека летал над Турција“, соопшти аеродромот, не прецизирајќи колку се сериозни повредите.
Овој инцидент се случи само неколку дена откако 73-годишен Британец почина во авион на „Сингапур ерлајнс“ среде екстремна турбуленција. Десетици луѓе и натаму остануваат во болница во Малезија по оваа несреќа.