Илјадници луѓе се собраа на авенијата Елисејски полиња во Париз на огромен пикник организиран од комитет на локални трговци и бизниси, кој се бори да го сопре бавното пропаѓање на улицата која своевремено се нарекуваше „најубавата авенија на светот“.
Своевремено омилено место на парижаните, локалните луѓе во изминатите години почнаа да ја избегнуваат авенијата откако популарни продавници и кина им ги препуштија своите места на луксузни бутици наменети за богати туристи.
„Ова е начин да им кажеме на парижаните ‘Вратете се на Елисејските полиња‘ и да покажеме дека авенијата не е само за луксузен шопинг“, изјави Марк-Антоан Жаме, шефот на комитетот кој го организираше настанот.
Околу 273.000 луѓе зедоа учество во пикникот на 216 метри долгото ќебе, опишано како најголемата покривка за маса на светот. Осум партнерски ресторани обезбедија оброци.
Комитетот постојано повторува дека легендарната авенија го изгубила својот сјај во последните 30 години, станувајќи жртва на промената на потрошувачките навики. Последното кино на авенијата, кое било отворено во 1937, ќе се затвори следниот месец.