ОД ПОЖАРОТ НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА НА КУПОЛАТА ИМА НЕКОЛКУ НАБАБРЕНИ ЕЛЕМЕНТИ И ТИЕ СЕ НАЈКРИТИЧНИ, ВЕЛИ ГАРЕВСКИ КОЈ ГИ ПРАВИ ИСПИТУВАЊАТА

    ОД ПОЖАРОТ НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА НА КУПОЛАТА ИМА НЕКОЛКУ НАБАБРЕНИ ЕЛЕМЕНТИ И ТИЕ СЕ НАЈКРИТИЧНИ, ВЕЛИ ГАРЕВСКИ КОЈ ГИ ПРАВИ ИСПИТУВАЊАТАПриватниот институт на Гаревски е избран од фирмата изведувач „Универзал-Балкан“ да ги изврши испитувањата дали челичната конструкција е оштетена од пожарот. (Фото: Фејсбук)

    Најголеми оштетувања од пожарот на Универзална сала има на куполата, каде има 6-7 набарени елементи, вели Михаил Гаревски од Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени. Приватниот институт на Гаревски е избран од фирмата изведувач „Универзал-Балкан“ за да ги изврши испитувањата дали челичната конструкција е оштетена од пожарот.

    Со 30-метарски кран направивме детална визуелна инспекција до највисоката точка на куполата. Заклучивме дека пожарот бил најголем кај прстенот односно кај куполата, најмногу горело таму. Има 6-7 набабрени елементи на прстенот, тие се најкритични и ќе треба да се види дали треба да се отстранат и да се сменат. На горниот прстен обележавме за да ги испитаме и еден попречен елемент кој не е деформиран, но е опожарен и ќе се носи во лабораторија за да се види колкава е носивоста на затегнување и да се процени дали челичната конструкција ја изгубила или задржала носивоста. Во рок од 10 дена ќе се знаат точните резултатите од испитувањето“, вели Гаревски.

    Универзална сала се запали на 9 април, само еден месец откако по пауза од две години продолжија градежните работи за реконструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма „Универзал-Балкан“ рекоа дека најверојатно се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

    Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска неколку дена по пожарот рече дека експерти од ИЗИИС и Градежен факултет ќе вршат испитувања на челичната конструкција за да се види дали е оштетена. Но, ИЗИИС и Градежен факултет не е се вклучени во испитувањата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира