ШТО СТЕ СЕ ФАТИЛЕ ЗА БЕСИЈА ИЉАЗИ, ТРЕБА ДА СЕ БАВИТЕ СО ПОСЕНЗИТИВНИ ТЕМИ ВО ЗДРАВСТВОТО, ИМ РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ДЕМИРИ НА НОВИНАРИТЕ ЗА ДИРЕКТОРКАТА НА ТОКСИКОЛОГИЈА КОЈА НЕЗАКОНСКИ ВРАБОТИ 18 ЛИЦА

    ШТО СТЕ СЕ ФАТИЛЕ ЗА БЕСИЈА ИЉАЗИ, ТРЕБА ДА СЕ БАВИТЕ СО ПОСЕНЗИТИВНИ ТЕМИ ВО ЗДРАВСТВОТО, ИМ РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ДЕМИРИ НА НОВИНАРИТЕ ЗА ДИРЕКТОРКАТА НА ТОКСИКОЛОГИЈА КОЈА НЕЗАКОНСКИ ВРАБОТИ 18 ЛИЦАОткако новинарите му укажаа дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) кажа оти Иљази незаконски вработи 18 лица, Илири се налути и рече дека директорката на ДСЗИ Рената Младеновска прво треба нему да му ги праќа извештаите, а не првин да ги праќа во медиумите. (Фото: К. Попов)

    Каде бевте со години да прашувате за разни други теми, сте се фатиле за Бесија Иљази, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Илир Демири за економската директорка на Клиниката за токсикологија која незаконски вработи 18 лица.

    На новинарско прашање дали ќе ја разреши економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, тој рече: „А зошто сте се фатиле за Бесија? Каков прекршок направи она? Кога ќе имам докази ќе разрешам кого треба“.

    Откако новинарите му укажаа дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) кажа оти Иљази незаконски вработи 18 лица, тој се налути и рече дека директорката на ДСЗИ Рената Младеновска прво треба нему да му ги праќа извештаите, а не првин да ги праќа во медиумите.

    Откако новинарите го прашаа дали смета дека новинарите се виновни за хаосот во здравствениот систем, министерот Демири одговори: „Не сте виновни, ама треба да се занимавате со посензитивни теми. Не да се бавите со цевки за парно или зошто 18 лица се вработени, туку кој ги остави тие 18 лица без плата 5 месеци“.

    На прес-конференцијата за повеќе теми, меѓу кои и за нефункционалните Општи служби, Демири кажа дека има 64 директори и дека да е до него, уште денес би ги разрешил сите директори, но за тоа треба да одлучи Владата.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира