ВО БИТОЛСКАТА КАСАРНА ДОСЕГА ПРОНАЈДЕНИ 1.822 ПУШКИ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ 

    ВО БИТОЛСКАТА КАСАРНА ДОСЕГА ПРОНАЈДЕНИ 1.822 ПУШКИ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ Според пиротехничарот Ѓорги Стеафнов од Битола, се очекува да се најдат до 3.000 пушки. (Фото: СДК.МК)

    Расте бројот на пронајдени и подигнати пушки од Балканските војни во поранешената битолска Касарна на местото каде ќе се гради новиот противпожарен дом. Екипите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денес пронајдоа уште 1.408 пушки или вкупно за три работни дена откриени се 1.822 парчиња.

    Според пиротехничарот Ѓорги Стеафнов од Битола, се очекува бројката да достигне до 3.000.

    „До крајот на неделата се очекува теренот да биде исчистен од заостанато оружје од Балканските војни“, рече Стефанов.

    Во саботата, во Могила била подигната артилериска граната од 155 милиметри тешка 60 килограми. Денес пиротехничар од Струмица кој доаѓал за Битола да помогне во расчистувањето на старото оружје во Касарната, во близина на Росоман, по претходна пријава отстранил уште една артилериска граната од 75 милиметри.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира