РУСИЈА ВО УЗБЕКИСТАН ЌЕ ЈА ИЗГРАДИ ПРВАТА НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА ВО ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА

    РУСИЈА ВО УЗБЕКИСТАН ЌЕ ЈА ИЗГРАДИ ПРВАТА НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА ВО ЦЕНТРАЛНА АЗИЈАРускиот претседател Владимир Путин во Ташкент потпиша договор узбекистанкиот лидер Шавкат Мирзијоев. (Фото: АП)

    Русија и Узбекистан потпишаа договор за Москва да изгради мала нуклеарна централа во оваа централноазиска земја, додека рускиот претседател Владимир Путин разговараше во главниот град на Узбекистан Ташкент со лидерот Шавкат Мирзијоев. Мирзијоев го поздрави проектот како „витален“ во забелешките по разговорите, истакнувајќи дека Узбекистан има „свои големи резерви на ураниум“. Путин, пак, вети дека „ќе стори сé за ефикасно да работи на пазарот за нуклеарна енергија на Узбекистан.

    Ако договорот се имплементира, нуклеарката ќе биде прва во Централна Азија, што дополнително ќе го зголеми влијанието на Русија во регионот.

    Руската државна новинска агенција РИА Новости ја цитираше руската државна енергетска корпорација Росатом, која вели дека проектот предвидува изградба на шест реактори со вкупен капацитет од 330 мегавати. Според руските медиуми, двете земји претходно разговарале за изградба на нуклеарна централа со поголем капацитет – од 2,4 гигавати.
    Путин вети и дека ќе ја зголеми испораката на гас за Узбекистан.

    Разговорите меѓу Путин и Мирзијоев се одржаа во Ташкент, каде што рускиот лидер дојде во неделата во неговото трето патување во странство откако на почетокот на месецов беше инаугуриран за петтиот претседателски мандат .

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира