ИСТРАЖИТЕЛИТЕ НА КАТИЦА ОСТАНУВААТ ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:324:"НаредбатазаодземањепредметибилапобаранаодсудототкакоЦентралниотрегистарповеќеод30денанесоработувалсоСпецијалнотообвинителствоотинеимбилојасноштобарале

    ИСТРАЖИТЕЛИТЕ НА КАТИЦА ОСТАНУВААТ ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

    Скопје, 24 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – Истражители на Специјалното јавно обвинителство сè уште се наоѓаат во зградата на Централниот регистар во Скопје, дознаваме од вработените во оваа државна институција. Барањето документи ќе продолжи и денеска попладне, по завршувањето на работното време. На директорот и на раководителите во Регистарот им било речено да останат и да продолжат со работа со истражителите на СЈО, откриваат вработени во Централниот регистар кои сакаат да останат анонимни.

    Од истите извори во Централниот регистар дознаваме дека синоќа, покрај директорот, во Централниот регистар биле и дваесетина раководители кои соработувале со истражителите на СЈО. Околу полноќ им била донесена и храна од еден ресторан во близина, но на доставувачите не им било дозволено да влезат во зградата. На истите вработени им било речено дека и денеска ќе мора да останат после работното време. Им било сугерирано да си земат и свои соработници кои би им помогнале за побрзо собирање на потребната документација, откриваат изворите на САКАМДАКАЖАМ.МК

    Специјалното обвинителство денеска изрази уверување дека „добро воспоставената соработка со Централниот регистар ќе продолжи и во иднина“, откако таа институција повеќе од 30 дена не одговарала на барањето на обвинителството.

    По синоќешната акција која завршила во раните утрински часови, СЈО попладнево соопшти дека одзело дел од бараните документи а во наредните денови треба да ја подигне целокупната документација што им е потребна за истрага.

    Оттаму не откриваат за какви документи и за потребите на кои предмети се одземаат материјалите, но велат дека станува збор за „обемна документација“.

    Наредбата за одземање предмети била побарана од судот откако Централниот регистар по предвидениот рок од 30 дена не одговорил на барањето на СЈО околу документите бидејќи одговарале дека им било нејасно што им се бара.

    Влезот во Централниот регистар цела ноќ го чуваше полиција и специјалната единица Алфи за да не дозволат во текот на ноќта да се изнесат или уништат документи што се предмет на истрага на СЈО.

    Специјалното обвинителство соопшти дека „во текот на вчерашниот ден (вечерта) воспоставена е соработка со Централниот регистар и доставен е дел од бараната документација. Имајќи предвид дека се работи за голем обем на документација, во деновите што следуваат ќе биде одземена целокупната документација што е наведена во наредбата за одземање предмети“.

    Истражители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и припадници на единицата „Алфи“ синоќа го чуваа влезот на објектот на Централниот регистар.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира