МОЖЕ ДА СЕ ПИЕ ВОДАТА ВО КУМАНОВО, ПОТВРДИ АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА

    МОЖЕ ДА СЕ ПИЕ ВОДАТА ВО КУМАНОВО, ПОТВРДИ АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНАПо една недела забрана, водата ќе може да се користи за секојдневна употреба. (Фото: СДК.МК)

    Водата од градскиот водовод во Куманово е безбедна за пиење, покажале анализите во Центарот за јавно здравје Куманово, а потврди и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). По една недела забрана, водата ќе може да се користи за секојдневна употреба.

    „Ги известуваме граѓаните дека водата во целиот водоснабдителен систем е исправна и може да се користи и како вода за пиење. По извршениот инспекциски контролен надзор и по добиените резултати од Центарот за јавно здравје Куманово од испитаните примероци на вода од 25, 26 и 27 мај годинава, констатирано е дека тие одговараат на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри. Согласно Правилникот за безбедност на водата за пиење, издаденото Решение за забрана на водата за пиење е укинато“, соопшт Општинскиот штаб за заштита и спасување.

    Од ЈП „Водовод“ велат дека водоснабдувањето ќе се нормализира во наредните неколку часа и во високите зони, каде што во изминатите денови имаше проблеми со техничката вода.

    Куманово остана без вода за пиење по минатонеделното невреме проследено со пороен дожд и град во Липковско, по што се замати водата во акумулациите Липково и Глажња, од каде што Куманово и Липково се снабдуваат со вода за пиење.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира