ЦРНЦИ ОТСТРАНЕТИ ОД ЛЕТ НА „АМЕРИКАН ЕРЛАЈНС“ ОТКАКО СТЈУАРДЕСА СЕ ПОЖАЛИЛА НА НЕПРИЈАТНА МИРИЗБА, ЈА ТУЖАТ АВИОКОМПАНИЈАТА ЗА РАСНА ДИСКРИМИНАЦИЈА

    ЦРНЦИ ОТСТРАНЕТИ ОД ЛЕТ НА „АМЕРИКАН ЕРЛАЈНС“ ОТКАКО СТЈУАРДЕСА СЕ ПОЖАЛИЛА НА НЕПРИЈАТНА МИРИЗБА, ЈА ТУЖАТ АВИОКОМПАНИЈАТА ЗА РАСНА ДИСКРИМИНАЦИЈАМажите, кои не седеле еден до друг и не се познавале, велат дека сите црнци биле отстранети од летот од Феникс до Њујорк на 5 јануари. (Фото: Си-Би-Ес/принтскрин)

    Тројца црни мажи поднесоа тужба за расна дискриминација против американската авиокомпанија „Американ Ерлајнс“. Тие тврдат дека авиокомпанијата ги отстранила од лет по жалба во врска со непријатна миризба.

    Мажите, кои не седеле еден до друг и не се познавале, велат дека сите црнци биле отстранети од летот од Феникс до Њујорк на 5 јануари.

    „’Американ Ерлајнс’ нè издвои затоа што сме црни, нè посрамоти и нè понижи“, кажаа тројцата во заедничко соопштение.

    Авиокомпанијата од Тексас вели дека го истражува случајот и дека обвинувањата не се во согласност со нејзините вредности.

    Според тужбата, тројцата веќе биле седнати во авионот кога стјуардеса им пришла на секој од нив и им рекла да излезат од авионот. Алвин Џексон, Емануел Џин Џозеф и Хавиер Вил додека го напуштале авионот сфатиле дека „секој црнец во авионот е отстранет“.

    Потоа, надвор од авионот, им било кажано од агент на авиокомпанијата дека се отстранети затоа што „бела стјуардеса се пожалила на непријатна миризба од неидентификуван патник“.

    „Нема друго објаснување освен бојата на нашата кожа. Ова е јасно расна дискриминација“, велат тие.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира