КАЈ БИТОЛСКАТА КАСАРНА ОТКРИЕНИ ВКУПНО 2.872 ПУШКИ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ, ЗАВРШИ АКЦИЈАТА ЗА РАСЧИСТЕЊЕ НА ТЕРЕНОТ

    КАЈ БИТОЛСКАТА КАСАРНА ОТКРИЕНИ ВКУПНО 2.872 ПУШКИ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ, ЗАВРШИ АКЦИЈАТА ЗА РАСЧИСТЕЊЕ НА ТЕРЕНОТПиротехничарите побараа да им се обезбеде термин во Железара во Скопје каде заостанатото оружје ќе биде уништено. (Фото: СДК.МК)

    За пет работни дена, колку што траеше акцијата за расчистување на местото каде се гради новиот противпожарен дом во битолската Касарна, тимот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) пронајде и подигна 2.872 пушки од Балканските војни, пет рачни бомби и две артилериски гранати.

    Протехничарот Ѓорги Стефанов кој ја водеше теренската акција рече дека теренот е исчистен, но сепак остава можноста при понатамошни градежни активности да се појави уште некое парче.

    Пиротехничарите побараа да им се обезбеде термин во Железара во Скопје каде заостанатото оружје ќе биде уништено.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира