Маж нападна со нож повеќе лица на плоштадот во југозападниот германски град Манхајм, соопшти полицијата. Меѓу повредените е и екстремно десничарскиот антиисламски активист Михаел Штурценбергер, соопшти неговата организација Граѓанско движење Пакс Европа (БПЕ). Тој се подготвувал да одржи митинг на плоштадот.
Инцидентот бил снимен за време на пренос во живо на Јутјуб и според снимките, се гледа дека напаѓачот прободува човек, а потоа и полицаец кој притрчал на помош. Полицаецот е во критична состојба.
Напаѓачот бил застрелан од друг полицаец.
Германскиот канцелар Олаф Шолц го оцени инцидентот како „страшен“.
„Насилството е апсолутно неприфатливо во нашата демократија. Насилникот мора да биде најстрого казнет“, напиша Шолц на платформата Икс.