Американските сестри манекенки Бела и Џиџи Хадид донираа милион долари за помош на Палестина. Портпаролот на Бела Хадид рече дека парите се наменети за еднаква распределба меѓу четири хуманитарни организации кои се фокусираат на децата и семејствата погодени од војната во Газа.
Сестрите, чиј татко е палестинскиот тајкун Мохамед Анвар Хадид, активно изразуваат поддршка за народот на Палестина. Бела Хадид минатиот месец на Инстаграм објави дека е „уништена од загубата на палестинскиот народ и недостатокот на емпатија што доаѓа од владините системи ширум светот“.
По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври лани, Џиџи напиша на Инстаграм: „Моите мисли се со сите погодени од оваа неоправдана трагедија и секој ден тие невини животи се одземаат од овој конфликт – од кои премногу се деца. Имам длабока емпатија и скршено срце за палестинската борба и животот под окупација, тоа е одговорност што ја носам секојдневно. Иако имам надежи и соништа за Палестинците, ниту еден од нив не вклучува штета за Евреин“.