КОАЛИЦИЈАТА „ЕВРОПСКИ ФРОНТ“ НА ДУИ УСВОИ ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЕТНИЧКИ ИЗБОРЕН ЛЕГИТИМИТЕТ И БАРА ДА ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ

    КОАЛИЦИЈАТА „ЕВРОПСКИ ФРОНТ“ НА ДУИ УСВОИ ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЕТНИЧКИ ИЗБОРЕН ЛЕГИТИМИТЕТ И БАРА ДА ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕДекларација ја прочита лидерот н ДУИ Али Ахмети и кажа дека ќе биде испратена до сите локални и меѓународни институции. (Фото: СДК.МК)

    Денеска во Тетово, сите партиски органи, но и претставници во централната, законодавната и локалната власт од политичките партии кои се дел од коалицијата „Европскиот фронт“ на ДУИ, едногласно ја одобрија, а потоа и потпишаа Политичка декларација за етнички изборен легитимитет. Оваа декларација пред присутните во големата сала на Центарот за култура во Тетово ја прочита лидерот н ДУИ Али Ахмети и кажа дека ќе биде испратена до сите локални и меѓународни институции.

    „Го повторуваме нашиот евроатлантски курс како единствена алтернатива за заедничката иднина на Северна Македонија и нашата посветеност за целосно спроведување на нормите и духот на Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство и затворање на сите отворени прашања со соседите, како предуслов за продолжување на европскиот пат. Повторуваме дека владините коалициски партнери мора да бидат определени од политичката волја на двете најголеми заедници во земјата, Албанците и Македонците, како и легитимните претставници на другите заедници, изразени на слободни, фер и демократски избори, во формата на обичајното право имплементирана во нашата земја кое овозможува легитимност, функционална демократија, социјална кохезија, консензуалност и правична застапеност во носењето одлуки“, се вели во декларацијата.

    Според декларацијата, непочитувањето на легитимитетот овозможува воспоставување на етничка хегемонија и претставува понижување кон Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите.

    „Ова моноетничко мнозинство, кое го нарушува легитимитетот на другите етнички заедници, го оптоварува соживотот, демократијата и тоа не треба да го дозволиме сите заедно“, се вели меѓу другото во Политичката декларација на коалицијата „Европски фронт“.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира