МЕЛОНИ ЈА ПОСЕТИ АЛБАНИЈА ЗА ДА Ѝ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ ШТО СЕ СОГЛАСИ ДА ПРИМА ИЛЈАДНИЦИ МИГРАНТИ МЕСЕЧНО

    МЕЛОНИ ЈА ПОСЕТИ АЛБАНИЈА ЗА ДА Ѝ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ ШТО СЕ СОГЛАСИ ДА ПРИМА ИЛЈАДНИЦИ МИГРАНТИ МЕСЕЧНОМелони кажа дека Италија и Албанија се историски пријателски нации кои се навикнати да соработуваат (Фото: АНСА)

    Италијанската премиерка Џорџа Мелони пристигна во еднодневна посета на Албанија за да ѝ се заблагодари на владата што се согласила да прими илјадници баратели на азил и ги обиколи центрите за мигранти кои треба да бидат отворени во август. Мелони негираше дека посетата е дел од кампањата за претстојните избори за Европскиот парламент, во која миграцијата е едно од најважните прашања.

    Таа и албанскиот премиер Еди Рама во ноември потпишаа петгодишен договор според кој Албанија се согласи секој месец да згрижи до 3.000 мигранти спасени во меѓународните води, додека Италија ги разгледува нивните барања за азил. Бидејќи овие барања вообичаено се разгледуваат еден месец, Албанија би можела да прими околу 36.000 мигранти годишно.

    Италија и Албанија се историски пријателски нации кои се навикнати да соработуваат. Сакам да им се заблагодарам на премиерот Рама и на албанскиот народ што уште еднаш понудија помош“, изјави Мелони.

    Албанија не е членка на Европска Унија и идејата за испраќање баратели на азил надвор од блокот се смета за контроверзна. Сепак, договорот доби поддршка од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

    Договорот привлече интерес од 15 од 27 членки на ЕУ, кои сметаат дека Унијата треба да го следи италијанско-албанскиот модел“, кажа Мелони.

    Управувањето со двата центри во Албанија ќе ја чинат Италија 670 милиони евра за период од пет години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира