Францускиот претседател Емануел Макрон го распушти парламентот вечерва по тешкиот пораз на неговата партија на денешните избори за Европскиот парламент. Според првичните резултати, победник на европските избори во Франција е десничарскиот Национален фронт на Марин Ле Пен со 32 отсто, што е над двојно повеќе од партијата Ренесанса на Макрон.
Првиот круг од предвремените парламентарни избори ќе се одржи на 30 јуни, а вториот круг на 7 јули.
„На Франција и`е потребно јасно мнозинство, смиреност и хармонија. Да бидеш Французин, во срцето, е да избереш да пишуваш историја, а не да те води историјата“, кажа Макрон во обраќањето.
Францускиот претседател кажа дека не може да се преправа дека ништо не се случило, додавајќи дека растот на национализмот е опасност за Франција и за Европа.