РУСКИТЕ СИЛИ НАВЛЕГУВААТ ВО СТРАТЕШКИ ВАЖНИОТ УКРАИНСКИ ГРАД ЧАСИВ ЈАР ВО ДОЊЕЦК

    РУСКИТЕ СИЛИ НАВЛЕГУВААТ ВО СТРАТЕШКИ ВАЖНИОТ УКРАИНСКИ ГРАД ЧАСИВ ЈАР ВО ДОЊЕЦКЧасив Јар веќе некое време е изложен на жестоки руски бомбардирања (Фото: Киев индипендент)

    Руските сили се чини напредуваат кон својата цел да го освојат стратешки важниот украински град Часив Јар, велат извори од двете страни.

    Часив Јар се наоѓа на висорамнина околу 20 километри западно од Бахмут и двете страни го сметаат за почетна точка за руско напредување кон Краматорск и Славјанск, најголемите градови во регионот Доњецк кои и натаму се под контрола на Украина.

    Украински воени извори и блогери јавуваат дека руските сили навлегле во една населба во градот долж канал.

    Русите користат наведувани воздушни бомби за да расчистат области долж важен пат и со поддршка од проектили со долг дострел и дронови почнаа да се движат напред и да преземаат иницијатива“, изјави еден извор од украинската војска.

    Руската војска соопшти дека украинските сили се обидуваат да ги спречат руските единици да преминат канал и заземаат позиции во новата населба на другата страна.

    Руските сили продолжија постепено да напредуваат на источниот фронт откако по долги борби го освоија градот Авдиивка во февруари. Володимир Зеленски не го спомна Часив Јар во своето последно видеообраќање, туку кажа дека ситуацијата е најтешка за бранење околу југозападниот град Покровск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира