ТОНИ БЛЕР ГО ПОСЕТИ КОСОВО И СЕ СРЕТНА СО МАЖИ КОИ СЕ ВИКААТ ТОНИБЛЕР

    ТОНИ БЛЕР ГО ПОСЕТИ КОСОВО И СЕ СРЕТНА СО МАЖИ КОИ СЕ ВИКААТ ТОНИБЛЕРБлер со претседателката Османи и петмина свои имењаци (Фото: Икс)

    Бившиот британски премиер Тони Блер вчера пристигна во Косово на одбележувањето на 25 години од завршувањето на војната со Србија и притоа се сретна со претседателката Вјоса Османи и петмина мажи кои се викаат Тониблер.

    Ова не е печатна грешка, туку ова име се појави во Косово во чест на Тони Блер и неговата улога во осамостојувањето на Косово. Блер, кој како британски премиер помогна да се создаде коалиција за лансирање воздушни напади врз Србија, денес ужива статус на херој во Косово, а утре ќе биде отворена и негова статуа во Урошевац.

    Ова не е првпат Блер да се сретне со свои косовски имењаци. При посетата во 2010, тој се запозна со деветмина момчиња именувани според него и дозна дека името Тониблер е доста често во Косово.

    Блер изјави дека не жали што толку се залагал за Косово.

    Запознавајќи се со косовските бегалци во камповите во близина на Скопје и слушајќи ги нивните потресни приказни за раселување и суровост, тие во моето лице бараа чувство дали би можел да помогнам. Помогнавме и никогаш не зажалив за тоа“, кажа Блер во косовскиот парламент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира