ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА ФРАНЦУСКА ПЕЈАЧКА И МОДНА ИКОНА ФРАНСОАЗ АРДИ, КОЈА ГИ ИНСПИРИРАШЕ МИК ЏЕГЕР И БОБ ДИЛАН

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА ФРАНЦУСКА ПЕЈАЧКА И МОДНА ИКОНА ФРАНСОАЗ АРДИ, КОЈА ГИ ИНСПИРИРАШЕ МИК ЏЕГЕР И БОБ ДИЛАНКариерата на Арди траеше повеќе од пет децении, снимајќи речиси 30 албуми (Фото: Гети)

    Една од омилените француски пејачки и кантавторки Франсоаз Арди почина на 80 години. Таа се појави на музичката сцена во 1960-тите и стана културна икона која ги инспирираше Мик Џегер и Боб Дилан. Позната по меланхолични балади, Арди беше симбол на француското је-је поп движење.

    Родена во окупираниот Париз во 1944, Арди го потпишала првиот договор за снимање на 17 години, а големиот пробив го направила во 1962 со песната „Tous les garçons et les filles“.

    Нејзиниот стил ги привлекуваше модните дизајнари, па стана модел на Ив Сен Лоран и Пако Рабан, кој специјално за неа креираше миниздолниште со златни плочки. Мик Џегер своевремено ја нарекол „идеална жена“, а Боб Дилан напишал неколку љубовни писма за неа.

    Кариерата на Арди траеше повеќе од пет децении, снимајќи речиси 30 албуми. Минатата година, „Ролинг стоун“ ја стави на 162. место на својата листа на 200 најголеми пејачи на сите времиња.

    „Како да се збогуваме со неа? Вечната Франсоаз Арди, легенда на француската песна, која со своите мелодии успеа да влезе во срцата на целата држава“, изјави француската министерка за култура Рашида Дати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира