Во екот на летните месеци, социјалните мрежи се преполни со фотографии од патувања и плажи, но не изостануваат и реакциите од македонските граѓани за тоа дали добиле сѐ за што платиле во туристичката агенција.
Дали се расипал автобусот, дали собата е со стар мебел, дали гледа накај морето, дали се купени на време билети за посети на туристички агенции, се само дел од проблемите со кои се соочуваат туристите. Но, не секој си ги знае правата кои ги добива со платеното патување, ниту пак каде да се обрати за помош. Вработените во агенциите апелираат дека граѓаните треба да бидат многу внимателни каде ќе уплатат за одмор или патување.
Споделете го вашето искуство за патување со македонските туристички агенции.
За да го споделите вашето искуство, пополнете го овој формулар (податоците што ќе ги внесете се доверливи и безбедни и вашата анонимност ќе биде зачувана ако така сакате):