УКРАИНА ЌЕ ДОБИЕ 50 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ОД ЗАМРЗНАТИТЕ РУСКИ СРЕДСТВА, ДОГОВОРИЈА ЛИДЕРИТЕ НА Г7

    УКРАИНА ЌЕ ДОБИЕ 50 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ОД ЗАМРЗНАТИТЕ РУСКИ СРЕДСТВА, ДОГОВОРИЈА ЛИДЕРИТЕ НА Г7Парите ќе се искористат како за оружје, така и за обнова на енергетската инфраструктура на Украина (Фото: АП)

    Лидерите на Г7 постигнаа договор за помош на Украина со 50 милијарди долари, за што ќе бидат искористени каматите од руските средства кои беа замрзнати на западот по почетокот на инвазијата. Овој политички договор е главната тема на првиот ден на годишниот самит на Г7, што се одржува во Италија.

    Можам да потврдам дека постигнавме политички договор со кој ќе се обезбеди дополнителна финансиска поддршка за Украина од околу 50 милијарди долари до крајот на годината. Парите ќе дојдат од разни замрзнати руски средства“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.

    Парите ќе се искористат како за оружје, така и за обнова на енергетската инфраструктура, оштетена и уништена во честите руски бомбардирања.

    Ова е јасен сигнал за рускиот претседател дека тој не може да ја добие оваа војна“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

    Планот на Г7 е заснован врз повеќегодишни заеми, за што ќе се користат профитите од замрзнатите руски средства вредни околу 350 милијарди долари. Техничките детали ќе бидат утврдени во следните денови.

    Русија го опиша потегот на Г7 како криминален и кажа дека одговорот ќе биде многу болен за Европската Унија.

    Во исто време, Володимир Зеленски објави дека потпишал десетгодишен договор со Јапонија, според кој Украина ќе добива 4,5 милијарди долари годишно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира