АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ, ЈОВАН МИТРЕСКИ И ВЕСНА БЕНДЕВСКА ИЗБРАНИ ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СОБРАНИЕТО

    АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ, ЈОВАН МИТРЕСКИ И ВЕСНА БЕНДЕВСКА ИЗБРАНИ ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СОБРАНИЕТОВо отсуство на Милошоски, заклетва денеска положија Митрески и Бендевска (Фото: К. Попов)

    Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од Движењето ЗНАМ денеска се избрани за новите потпретседатели на Собранието. Тие добија поддршка од мнозинството пратеници откако претходно собраниската Комисија за избори и именувања ги утврди како потпретседателски кандидати.

    За Милошоски, кој не присуствуваше на седницата од здравствени причини,  гласаа 69 пратеници, Митрески доби 82 гласа, а Бендевска 70.

    Во отсуство на Милошоски, заклетва денеска положија Митрески и Бендевска, која не го изговори полното уставно име на државата, туку РС Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира