Руските специјални сили ослободија двајца чувари и убија шестмина затвореници поврзани со Исламска држава, ставајќи крај на заложничка драма во затвор во Ростов.
Државните медиуми објавија дека ликвидираните мажи биле обвинети за тероризам и за поврзаност со Исламска држава, која ја презеде одговорноста за смртоносниот напад во концертна сала близу Москва во март.
Еден од киднаперите ги бутнал прозорските решетки и се спуштил неколку ката со јаже, пред да ги земе чуварите за заложници, заканувајќи им се со нож и секира. Во преговорите со властите, затворениците барале возило, оружје и безбеден премин од затворот.
Сепак, руските специјалци одлучиле да упаднат во затворот и на снимки објавени на Телеграм се слуша жестоко пукање од автоматско оружје. На едно видео се гледаат шест тела во локви крв.
„Криминалците се елиминирани, а вработените кои беа држени како заложници се ослободени и не се повредени“, кажаа од затворот.
Според руските медиуми, убиените затвореници потекнувале од јужната руска република Ингушетија.