ДВАЕСЕТ И ПЕТГОДИШЕН ПРОФЕСИОНАЛЕН ВОЈНИК НА АРМ ПОЧИНА ЗА ВРЕМЕ НА МАРШ НА КРИВОЛАК

    ДВАЕСЕТ И ПЕТГОДИШЕН ПРОФЕСИОНАЛЕН ВОЈНИК НА АРМ ПОЧИНА ЗА ВРЕМЕ НА МАРШ НА КРИВОЛАКОд Генералштабот велат дека А. Ј. го почнал 24-дневниот селективен курс во добра здравствена состојба и цело време бил во одлична физичка подготвеност (Фото: СДК.МК)

    Дваесет и петгодишен професионален војник на АРМ почина откако му се слошило за време на марш на полигонот Криволак. Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија објави дека А. Ј. починал синоќа во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ во Скопје.

    Професионалниот војник беше еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили, кој се одвива изминатите дваесетина дена на армискиот полигон Криволак. На самиот крај на изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание, на него без претходни видни знаци му се слошило во доцните попладневни часови, по 18:30 часот, по што паднал во бессознание. Веднаш со армиско болничко возило и во придружба на воен лекар бил однесен во најблиската здравствена установа, здравствениот дом во Неготино, по што по направените интервентни испитувања бил упатен со болничко возило кон КАРИЛ во Скопје. По пристигнувањето, од страна на персоналот се пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време била констатирана смрт“, објави Генералштабот.

    Причините за смртта ќе бидат соопштени по извршена обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје,

    Од Генералштабот велат дека А. Ј. го почнал 24-дневниот селективен курс во добра здравствена состојба и бил во одлична физичка подготвеност за цело време на предвидените активности на курсот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира