ПЕЛИСТЕР ВО МАГЛА ПОРАДИ ПРАШИНА ОД САХАРА

    ПЕЛИСТЕР ВО МАГЛА ПОРАДИ ПРАШИНА ОД САХАРАПрашината предизвика и високи концентрации на ПМ 10 честички во водухот. (Фото: СДК.МК)

    Делови од Пелистер воопшто не се гледаат од Битола или изгледаат како да се во магла поради присуството на пустинска прашина во воздухот дојдена од Сахара. Прашината предизвика и високи концентрации на ПМ10 честички во водухот.

    Според податоците објавени на официјалната страница на Министерството за животна средина, во најтоплите делови од денот, на пример во 14 часот, часовна концентрација на суспендирана прашина во водухот во Битола изнесуваше високи 152 микрограми на метар кубен. Освен во Битола, високи концентрации на ПМ10 честички има и во Лазарополе и Кичево.

    Метеоролозите најавија дека се очекува Македонија ќе биде зафатена од прашина од Сахара.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира