ИЗБОРИТЕ ГИ ОДЛОЖИЈА И ЕКСТЕРНОТО И РАСПУСТОТ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

    ИЗБОРИТЕ ГИ ОДЛОЖИЈА И ЕКСТЕРНОТО И РАСПУСТОТ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

    Скопје, 25 март, 2016 – (META) Екстерното тестирање на учениците годинава се поместува за неколку дена подоцна поради предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни, дознава „Мета“ од наставници во основни училишта, кои вчера го добиле акцискиот план за јунската сесија.

    Имено, како што нè информираат наставниците, во планот стои дека екстерното тестирање ќе почне на 9 јуни, а ќе заврши на 14 јуни, што е поместување од речиси цела недела. Само за споредба, минатата година екстерното тестирање се одржа од 2 до 10 јуни.

    Во дописот до кој дојде „Мета“ се гледа дека распоредот за тестирање ќе биде објавен на 2 јуни, за разлика од минатата година кога бил објавен на 28 мај.

    Деветтите одделенија, според новиот план, ќе се тестираат од 9 до 13 јуни.

    Со сето ова, велат наставниците, се поместува и учебната година, затоа што се пролонгираат и датумите за жалби. Целиот процес со екстерното тестирање, според измените, треба да заврши на 15 јули, кога сите резултати треба да бидат внесени во системот.

    Според „Календарот за организација на учебната 2015/2016 година во основните училишта“, подготвен од Министерството за образование и наука, стои дека второто полугодие почнува на 20 јануари, а завршува на 10 јуни 2016 година, а летниот распуст почнува на 11 јуни 2016 година.

    Официјален одговор побаравме и од МОН, но никој не одговараше на нашите повици.

    Минатата година екстерно се тестираа 183.280 ученици и 17.803 наставници.

    akciski-plan-za-eksterno

    Новиот акциски план за екстерно тестирање за јунска сесија

    zakon-za-eksterno

    Календар за учебната 2015/2016

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира