Русија ги обвини САД и се закани со последици откако во украински ракетен напад врз Севастпол на Крим загинаа четири лица, вклучувајќи две деца. Околу 150 луѓе биле повредени откако остатоци од проектили паднале врз плажа.
Руското министерство за одбрана кажа дека Украина испукала пет американски проектили „АТАЦМС“, додавајќи дека биле програмирани од американски специјалисти и наведувани од американски сателити. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, го опиша нападот како варварски и ги обвини САД дека убиваат руски деца. Владимир Путин неодамна порача дека земјите кои ја снабдуваат Украина со оружје би можеле да бидат мета на Русија.
Москва кажа дека жртвите на вчерашниот напад настрадале од остатоци од проектили засилени со касетна муниција кои биле соборени од руската противвоздушна одбрана. Снимките што ги објави руската државна телевизија покажаа хаос на плажата во областа Учкујева, при што луѓето бегаат од остатоци од проектили.
САД ја снабдуваат Украина со проектили „АТАЦМС“ повеќе од една година и тие овозможуваат напади на растојание од 300 километри.
„Оваа директна вмешаност на САД во убивањето руски цивили не може да помине без последици. Времето ќе покаже какви ќе бидат тие“, изјави Песков.