СПАСЕНО 16-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ КОЕ ПАДНАЛО ВО УВАЛА НАД СТРУМИЦА

    СПАСЕНО 16-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ КОЕ ПАДНАЛО ВО УВАЛА НАД СТРУМИЦАЦентарот за управување со кризи (ЦУК) на бројот 112 добил повик од мајката на девојчето кое имало повреди на главата (Фото: ЦУК)

    Шеснаесетгодишно девојче кое паднало во увала во близина на манастирот „Свети Илија“ над Струмица вечерва е извлечено во здружена спасувачка акција на струмичката СВР, Противпожарната единица и Итната помош, во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК). Девојчето е примено во струмичката болница.

    Од ЦУК соопштија дека вечерва околу 20.30 часот на 112 е добиен повик од возрасна жена која известила дека нејзината ќерка е падната во увала, но не ја знае точната локација, а има и повреди на главата.

    „Операторите од 112 ја смириле видно вознемирената мајка и побарале од неа да ја извести ќерката да се јави на 112 за да се утврди локацијата на која се наоѓа. Ќерката се јавила на 112 исплашена и вознемирена, кажала дека има повреди на главата и дека не знае да го посочи точното место на кое паднала. Операторите од 112 преку системот на 112 ја утврдиле точната локација, а оперативците од Секторот за операции и координација од ЦУК итно ги известиле СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Итната медицинска помош од Струмица“, велат од ЦУК.

    Сите екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено девојче, набргу успеале да ја најдат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира