ПОЧИНА ШИФТИ ШЕЛШОК, ПЕЈАЧОТ НА ГРУПАТА „КРЕЈЗИ ТАУН“, КОЈА СЕ ПРОСЛАВИ СО ХИТОТ „ПЕПЕРУТКА“

    ПОЧИНА ШИФТИ ШЕЛШОК, ПЕЈАЧОТ НА ГРУПАТА „КРЕЈЗИ ТАУН“, КОЈА СЕ ПРОСЛАВИ СО ХИТОТ „ПЕПЕРУТКА“Шелшок отворено збореше за своите проблеми со зависности (Фото: Гети)

    Шифти Шелшок, фронтменот на рап-рок групата „Крејзи таун“ (Crazy Town), која се прослави со хитот „Пеперутка“ (Butterfly), почина на 49 години. Тој бил пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес, но причината за смртта не е позната.

    Шелшок, чие вистинско име беше Сет Бинзер, ја формирал групата „Бримстоун слагерс“ во 1992 заедно со Брет Мазур, која во 1999 го промени името во „Крејзи таун“. Откако ѝ се приклучија уште петмина музичари, групата го објави првиот албум во ноември 1999 и потоа го придружуваше „Ред хот чили пеперс“ на турнеја.

    Во октомври 2000, „Крејзи таун“ ја објави „Пеперутка“ како третиот сингл од албумот, која стана светски хит и најпрепознатлива песна на групата, а две недели помина на првото место на топ-листата на Билборд.

    По објавувањето на вториот албум во 2002, групата се распадна, а Шелшок почна соло кариера.

    Шелшок отворено збореше за своите проблеми со зависности, а во 2012 заврши во болница откако паднал во кома.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира