Габриела Јаковлева е нова директорка на Агенцијата за разузнавање, која претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја именува на местото на досегашниот директор Еролд Муслиу кој е разрешен, соопшти кабинетот на претседателката.
Сиљановска-Давкова ја именуваше Ивана Стојановска за заменичка-директорка во Агенцијата за разузнавање, а од ова место ја разреши Александра Бакреска-Додовска.
Од кабинетот соопштија дека Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање.