ЈАМАЈКА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА УДАРОТ НА МОЌНИОТ УРАГАН БЕРИЛ, КОЈ НОСИ ВЕТРОВИ ОД 249 КМ/ЧАС

    ЈАМАЈКА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА УДАРОТ НА МОЌНИОТ УРАГАН БЕРИЛ, КОЈ НОСИ ВЕТРОВИ ОД 249 КМ/ЧАСОкото на ураганот Бери снимено од Меѓународната вселенска станица (Фото: НАСА)

    Уништувачкиот ураган Берил се движи кон Јамајка, додека жителите ги прават последните подготовки за доаѓањето на моќната бура од петта категорија, која однесе најмалку шест животи и предизвика значителни штети во југоисточните Кариби. Со максималната постојана брзина на ветровите од над 160 километри на час, ова е најраниот атлантски ураган од оваа категорија во годината откако се прават мерењата во последните стотина години.

    Се очекува ураганот да ја погоди Јамајка во следните часови, по што ќе се упати кон Кајманските Острови и полуостровот Јукатан.

    Мајкл Бренан, директорот на Националниот центар за урагани на САД, изјави дека ураганот носи ветрови од 249 километри на час и се очекуваат опасни бранови високи до дури 2,7 метри.

    Сите на Јамајка мора да бидат на безбедно и да се подготват да останат таму најмалку 12 часа“, изјави Бренан.

    Во некои области на земјата се очекуваат 30 сантиметри дожд, што може да доведе до поплави и свлечишта.

    Слични опасности се предвидуваат и за Кајманските Острови“, изјави Бренан.

    На Јамајка е на сила вонредна состојба и е прогласена зона на катастрофа уште пред доаѓањето на ураганот.

    Овие околности ќе важат во следните седум дена. Исто така, на целиот остров ќе има полициски час од шест до 18 часот“, изјави премиерот на Јамајка, Ендрју Холнес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира