УКРАИНКАТА МАХУЧИХ ГО СОБОРИ СВЕТСКИОТ РЕКОРД НА СТЕФКА КОСТАДИНОВА ВО СКОК ВО ВИСОЧИНА СТАР 37 ГОДИНИ

    УКРАИНКАТА МАХУЧИХ ГО СОБОРИ СВЕТСКИОТ РЕКОРД НА СТЕФКА КОСТАДИНОВА ВО СКОК ВО ВИСОЧИНА СТАР 37 ГОДИНИМахучих прескокна височина од два метра и 10 сантиметри (Фото: Гети)

    Украинката Јарослава Махучих постави нов светски рекорд во скок во височина на митингот од Дијамантската лига во Париз, подобрувајќи го резултатот кој беше неприкосновен цели 37 години.

    Дваесет и двегодишната Махучих, која е актуелна светска шампионка, прескокна височина од два метра и 10 сантиметри, надминувајќи го досегашниот светски рекорд на Бугарката Стефка Костадинова за еден сантиметар.

    Конечно ја запишав Украина во историјата на светската атлетика“, изјави Махучих.

    Рекордот на Костадинова од 2,09 метри стоеше од Светското првенство во Рим во 1987 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира