ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО УКРАИНА ПО ВЧЕРАШНИОТ РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД ВО КОЈ ЗАГИНАА НАД 40 ЛУЃЕ

    ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО УКРАИНА ПО ВЧЕРАШНИОТ РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД ВО КОЈ ЗАГИНАА НАД 40 ЛУЃЕВластите велат дека детската болница „Охматдит“ била погодена со хиперсоничен проектил (Фото: АП)

    Во Украина денеска е ден на жалост по еден од најлошите руски ракетни напади од почетокот на војната, во кој загинаа најмалку 41 лице и делумно беше уништена најголемата детска болница во земјата. Властите велат дека болницата „Охматдит“ била погодена со хиперсоничен проектил, при што загинаа двајца луѓе, но ова можеби не е конечна бројка зашто барањето преживеани под урнатините продолжи до утрово.

    Нападот се случи ден пред почетокот на самитот на НАТО во Вашингтон, каде што Украина треба да биде главна тема. Светските лидери го осудија ракетирањето на болницата.

    Русија негираше дека ја гаѓала болницата и кажа дека таа била погодена од остатоци од проектили на украинската противвоздушна одбрана, додека Украина кажа дека нашла остатоци од руска крстосувачка ракета.

    Володимир Зеленски вчера кажа дека Русија лансирала повеќе од 40 проектили, при што биле оштетени стотина цивилни објекти во Киев, Днипро, Криви Рих, Словјанск и Краматорск. Само во Киев загинале 27 луѓе, а 82 биле повредени. Градоначалникот Витали Кличко изјави дека ова беше еден од најсилните напади врз Киев досега, при што имало штети во седум населби.

    Џо Бајден, кој ќе биде домаќин на тридневниот самит на НАТО, кажа дека вчерашниот напад е ужасен потсетник за руската бруталност и најави дека западните сојузници ќе објават нови мерки за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира